Првото новороденче во 2026 година во Кавадарци е женско.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари посета, при што освен искрени честитки, беа врачени и пригодни подароци за бебето и мајката.
До семејството беа упатени најтопли желби за добро здравје, љубов, спокојство и среќно детство, а новата година нека донесе уште многу убави моменти и радосни вести.
Добредојде за најмалата жителка на Кавадарци и честитки до родителите!







