HomeМакедонијаПрва пресуда за „Пулс“: Условни казни за тројца полицајци

Прва пресуда за „Пулс“: Условни казни за тројца полицајци

- Advertisement -spot_img

Во првата пресуда за полициските службеници обвинети за нивна улога во нелегалното работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани, случај што заврши со трагичен пожар во кој загинаа 63 млади лица, а над 230 беа повредени, ниту еден од тројцата обвинети нема да издржува затворска казна.

Судијката Лидија Петровска им изрече условни казни на Кире Богатинов и Горан Лазаров – по една година затвор, условно за три години, додека на поранешниот командир на полициската станица, Александар Темелков, му беше изречена условна казна од една година со рок на проверка од четири години. Обвинетите не присуствувале на изрекувањето на пресудата.

Постапките против полициски службеници продолжуваат, при што се водат одделни судења за уште девет, како и за дополнителни 13 лица.

Според обвинението, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година, инспекторите не постапиле согласно службените обврски и не го следеле анекс-планот за акциска контрола. Иако констатирале нарушување на јавниот ред и мир во објектот, внеле неточни податоци за фирмата и одговорното лице на кабарето „Пулс“.

Дополнително, како командир на полициската станица, Темелков одобрил барања за прекршочна постапка и покрај тоа што не ја проверил документацијата, при што биле наведени неточни правни субјекти и лица кои не биле одговорни за клубот.

Со ваквото постапување, според судот, им било овозможено на фирмата да продолжи со работа, со што е прибавена имотна корист за правното лице и неговата подружница „Пулс“.

Тројцата се неправосилно осудени за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img