домаМакедонијаПромоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

- Advertisement -spot_img

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

За време на настанот освен презентација на опрема, ќе биде изведена показна вежба од страна на припадниците на Армијата.

– Во рамки на соработката со Европската Унија, односно со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици, информираат од Министерство за одбрана.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img