Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 11.5 % во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика
Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година, прометот во индустријата, вкупно според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.3%, Капитални производи за 13.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %. Прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, бележи пораст од 12.1 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.
На домашниот пазар во јуни 2026 година, прометот во индустријата во однос на јуни 2025 година, бележи пораст од 11.0 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.9 %.
На странските пазари во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, прометот во индустријата бележи пораст од 12.1 %, додека во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, имаат одделите:
Производство на прехранбени производи со 8.6 %
Производство на метали со 23.5 %
Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 25.1 %






