домаМакедонијаПродолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

- Advertisement -spot_img

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е во доказна постапка, а со завршувањето на градежното вештачење треба да заврши и изведувањето докази од Обвинителството.

На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на прашања од одбраната, при што во фокусот беа материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата.

Одбраната го оспоруваше и начинот на кој биле утврдени градежните интервенции при реконструкцијата во 2012 година, меѓу кои и зајакнувањето на меѓукатната конструкција со челични греди.

По завршувањето на градежното вештачење и распитот на вештите лица од тимот на Градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши изведувањето на доказите од Обвинителството, по што одбраната треба да започне со свои докази.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img