HomeМакедонијаПродолжува дебатата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ

Продолжува дебатата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ

- Advertisement -spot_img

Во Собранието денеска продожува дебатата „Улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ), која почна вчера попладне.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на втората пленарна сесија на тема „Работните тела на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на пристапување кон ЕУ“ ќе дебатираат Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Ели Панова, членка на Комисијата за европски прашања, Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и Цветанка Иванова, поранешна генерална секретарка на Собранието.

На вчерашниот ден на дебатата говорници беа претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Фани Каранфилова-Пановска, заменик-претседателка на СДСМ, Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦРПМ и Гордан Георгиев, поранешен пратеник и претседател на Форумот за разумни политики.

Тие говореа на прашања на граѓаните за донесувањето на закони по скратена постапка и со европско знаменце, за изборниот модел, за внесувањето на Бугарите во Уставот и уставните измени и за други теми.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img