HomeМакедонијаПроданоски со нов пристап: Секој проект ќе биде јавно и навремено објавен

Проданоски со нов пристап: Секој проект ќе биде јавно и навремено објавен

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето на локалната самоуправа.

Како што истакна Проданоски, транспарентноста и отворената комуникација со јавноста претставуваат основа за градење доверба со граѓаните. На средбата биле опфатени тековните активности, реализираните проекти, како и предизвиците со кои се соочува Општина Прилеп.

Целта на ваквите брифинзи, според градоначалникот, е преку медиумите граѓаните навремено да добиваат проверени, точни и официјални информации.

„Информираните граѓани се наш најважен партнер во развојот на општината“, посочи Проданоски, додавајќи дека ваквиот транспарентен пристап ќе продолжи и во иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img