12.8 C
Skopje
28 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски: Прилеп гради спортски бренд – меморијалниот турнир ја зацврстува традицијата

Проданоски: Прилеп гради спортски бренд – меморијалниот турнир ја зацврстува традицијата

- Advertisement -spot_img

Во Прилеп се одржа петтиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција и симбол на заедништво и спортски дух.

Турнирот, во организација на Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“, со поддршка од Пингпонгарската федерација на Македонија и Општина Прилеп, е посветен на ликот и делото на Илија Карески – Каре, оставајќи траен белег во локалната спортска заедница.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека е горд што градот повторно е домаќин на спортисти од земјата и од странство, кои преку фер-плеј, посветеност и спортски дух ја збогатуваат оваа манифестација.

„Прилеп отсекогаш бил град на спортот, а ваквите настани дополнително ја зацврстуваат нашата позиција како центар на спортски случувања во регионот“, нагласи Проданоски.

Тој упати благодарност до организаторите, поддржувачите и сите учесници кои придонесуваат турнирот да се одржува на високо ниво, посакувајќи им на натпреварувачите успешни мечеви, фер и коректна игра.

Меморијалниот турнир „Илија Карески – Каре“ и оваа година обедини бројни љубители на пинг-понгот, потврдувајќи дека спортот останува важен фактор за поврзување и промоција на вистинските вредности.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img