HomeМакедонијаПроданоски: Плоштадот во Прилеп добива нов лик – реконструкцијата ќе биде навремена...

Проданоски: Плоштадот во Прилеп добива нов лик – реконструкцијата ќе биде навремена и квалитетна

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изврши теренска обиколка на градежните активности на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, при што оствари директни средби со граѓани, изведувач и сопственици на деловни објекти на овој потег.

На средбите се разговараше за текот на реконструкцијата, динамиката на изведбата и пристапот до деловните објекти, со цел минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на бизнисите. Од Општина Прилеп информираат дека се вложуваат дополнителни напори за подобра координација и навремено информирање на јавноста, со цел проектот да биде реализиран квалитетно и во предвидениот рок.

„Работиме посветено, затоа што исходот ни е заеднички, а тоа е да имаме уредена, современа и функционална јавна површина. За тоа компромис нема да има.“, истакна Проданоски.

Според најавите, градежните активности во наредниот период ќе се интензивираат, со јасна цел плоштадот да добие целосно уреден и современ изглед, наменет за пешачење, дружење и секојдневен живот на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img