9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПроданоски на терен со екипите на МЕПСО – се работи на отстранување...

Проданоски на терен со екипите на МЕПСО – се работи на отстранување на дефектот на далноводот Прилеп – Кавадарци

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва е на терен заедно со екипите на АД МЕПСО, кои интензивно работат на отстранување на дефектот на далноводот Прилеп – Кавадарци, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Општина Прилеп.

„Во овие моменти сум на терен заедно со екипите на МЕПСО, кои неуморно работат на отстранување на дефектот. Целосната ангажираност е во насока на што побрзо воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија во Општина Прилеп,“ изјави Проданоски.

Тој нагласи дека е во постојан контакт со надлежните служби и дека се следат сите активности од лице место со цел проблемот да се реши во најкраток можен рок.

„Ве уверувам дека се прави сѐ што е потребно за да се надмине ситуацијата. Им благодарам на граѓаните за трпението и ги повикувам да останат смирени,“ порача Проданоски.

Од Општина Прилеп информираат дека екипите на МЕПСО се целосно ангажирани и работат со зголемен интензитет за што поскоро воспоставување на стабилно снабдување со електрична енергија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img