домаМакедонијаПроданоски: Младите, спортот и културата се двигатели на развојот на заедницата

Проданоски: Младите, спортот и културата се двигатели на развојот на заедницата

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршниот настан од проектот „Педали и приказни“, со кој беше заокружен шестмесечен циклус на активности насочени кон промоција на велосипедската култура, младинскиот активизам и заштитата на животната средина.

Проектот го реализираа Форумот за авангардна креативност – ФАК Прилеп и здружението „Go Green“, со поддршка од фондацијата HEARTEFACT и Амбасадата на Швајцарија.

Централен настан беше промоцијата на новиот мурал во дворот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, кој го изработија учениците под менторство на професорот Методи Исков. Преку својата креативност, младите испратија порака за значењето на одржливата мобилност, велосипедизмот и грижата за животната средина.

Во рамки на настанот беше организирано и велосипедското дефиле „Критична маса“, кое започна од плоштадот „Александрија“ и заврши во дворот на училиштето. Настанот беше дополнет со музичка програма, настап на училишен бенд и диџеј-сет на учениците од СОУ „Ѓорче Петров“.

Во своето обраќање, Проданоски ја истакна важноста од поддршката на младинските иницијативи и нивното активно вклучување во заедницата.

„Преку вакви проекти се создаваат нови можности за младите, се поттикнува културниот живот, се развива граѓанската свест и се градат вредности кои придонесуваат за поубава и поодржлива иднина за сите“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека Прилеп останува град кој ги поддржува образованието, културата и младинскиот активизам, а Општината ќе продолжи да биде партнер на иницијативите што придонесуваат за развој на локалната заедница.

Од Општина Прилеп упатија благодарност до сите институции, организации, наставници, волонтери и ученици кои учествуваа во реализацијата на проектот, оценувајќи дека „Педали и приказни“ е уште еден успешен пример за соработка меѓу младите, образовните институции и граѓанскиот сектор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img