HomeМакедонијаПроданоски: Македонскиот јазик е нашата татковина – честитка по повод 5 Мај

Проданоски: Македонскиот јазик е нашата татковина – честитка по повод 5 Мај

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, упати порака во која го истакна значењето на јазикот како темел на националниот идентитет и културната припадност.


Во својата објава, тој нагласи дека овој датум претставува „светол миг од македонската историја“, кога македонскиот јазик добил своја официјална форма, а народот јасна и гласна потврда на својот идентитет.


Проданоски потсети дека кодификацијата на македонскиот јазик е резултат на долгогодишни напори и истрајност на бројни македонски дејци, кои речиси еден век го граделе патот до неговото официјализирање. Притоа, ги истакна придонесите на Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин и Блаже Конески, чија визија и работа оставиле длабок печат врз развојот на јазикот.


Тој посочи дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и колективна меморија, култура и идентитет, во кој се вградени историјата, традицијата и иднината на народот.
Во пораката беше потенцирана и мислата на Конески „Јазикот е единствената наша татковина“, која, според Проданоски, и денес има силно значење и претставува обврска за негово зачувување и унапредување.


На крајот, градоначалникот упати честитка до граѓаните, повикувајќи на грижа, негување и почит кон македонскиот јазик како еден од најважните столбови на националниот идентитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img