7.8 C
Skopje
11 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки за...

Проданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки за Прилеп

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека сите одлуки и активности на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите и очекувањата на граѓаните, нагласувајќи дека гласот на народот е клучен во креирањето на одговорни и одржливи политики.

Според Проданоски, општината работи во интерес на сите генерации – од најмладите кои ја градат својата иднина, до повозрасните граѓани, чие искуство и знаење, како што посочи, претставуваат непроценлива вредност за развојот на градот.„Заедно создаваме град што слуша, разбира и делува. Град во кој секој човек е важен, секоја насмевка е поттик, а секој предлог – можност за подобро утре“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека Општина Прилеп ќе продолжи со отворена и транспарентна комуникација со граѓаните, како и со активно вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки, со цел создавање пофункционален, похуман и поразвиен град.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img