9.8 C
Skopje
11 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски: Безбедниот интернет е заедничка одговорност на сите нас - Во Прилеп...

Проданоски: Безбедниот интернет е заедничка одговорност на сите нас – Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет

- Advertisement -spot_img

Во Прилеп денеска беше одбележан 11 февруари – Меѓународниот ден на побезбеден интернет, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот Дејан Проданоски.


Настанот беше реализиран во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, чија цел е на учениците, родителите и наставниците да им понуди конкретни алатки и насоки за безбедно користење на интернетот. Фокусот беше ставен на превенцијата, родителската контрола и создавањето сигурна дигитална средина за децата и младите.


Програмата имаше едукативен и интерактивен карактер. Учениците преку разговори, практични примери и активности учеа како безбедно да се движат во дигиталниот свет, како да ги препознаваат потенцијалните ризици и како одговорно да ги користат онлајн содржините. Беше истакнато дека интернетот може да биде простор за знаење, креативност и забава, но само доколку се користи внимателно и со поддршка од возрасните.


Градоначалникот Проданоски порача дека Општина Прилеп останува посветена на соработката со Министерството за дигитална трансформација и на унапредување на услугите за граѓаните.


„Безбедниот интернет е заедничка одговорност – на институциите, училиштата, родителите и младите. Само заедно можеме да создадеме подобар и побезбеден дигитален простор за сите“, беше порачано на настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img