-3.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски ја најави „Прилепска празнична приказна“ – новогодишен базар и богата програма...

Проданоски ја најави „Прилепска празнична приказна“ – новогодишен базар и богата програма за сите генерации

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска ја објави програмата за годинашното издание на „Прилепска празнична приказна“, манифестација која оваа зима ќе донесе празнична атмосфера, светлина, музика и заедништво во градот.

Проданоски изрази посебна благодарност за учеството и коорганизацијата на реномираната општествено одговорна компанија Витаминка, која следната година ќе одбележи 70 години постоење, нагласувајќи дека ваквите партнерства меѓу локалната самоуправа и домашните компании носат конкретни и видливи придобивки за граѓаните.

Во рамки на новиот, а сепак традиционален концепт, за првпат ќе биде организиран и Новогодишен базар со седум големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе се нудат храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи атмосфера по примерот на големите европски новогодишни базари.

Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите посетителите ќе можат да уживаат во целодневна програма.

Градоначалникот упати покана до сите прилепчани и граѓани од целата држава да бидат дел од празничната магија, нагласувајќи дека Прилеп заслужува убава празнична приказна и заеднички моменти исполнети со насмевки и позитивна енергија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img