HomeМакедонијаПризнание за континуираната поддршка на Регионална анти-корупциска иницијатива (РАИ)

Признание за континуираната поддршка на Регионална анти-корупциска иницијатива (РАИ)

- Advertisement -spot_img

Во рамки на дводневните обуки за Проценка на ризик од корупција и Анти-корупциска проверка на прописите во секторите Безбедност и Животна средина, директорот на Секретаријатот на РАИ им додели плакети за благодарност и признание на претставниците на Министерството за правда во Управната група на РАИ – Никола Прокопенко и Елена Димовска – за нивниот континуиран придонес и посветена поддршка во работата на иницијативата.

Особено сум горд на нашите вработени кои со својата стручност, интегритет и проактивен пристап придонесуваат кон зајакнување на институционалниот капацитет и унапредување на превентивните механизми против корупцијата. Нивната посветеност е јасен показател дека Министерството за правда активно и одговорно ја исполнува својата улога во градењето транспарентен и отчетен систем.

Обуките имаат за цел зајакнување на институционалниот интегритет преку користење структурирани алатки за проценка и управување со ризиците од корупција – како во секојдневното работење, така и во законодавниот процес.

Оваа серија е трета од вкупно шест национални обуки во земјите од Западен Балкан, во рамките на Регионалната програма „Југо-источна Европа – Заедно против корупцијата II“ (SEE-TAC II), која ја спроведува Регионална анти-корупциска иницијатива во партнерство со УНОДЦ, со финансиска поддршка од Австриска агенција за развој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img