8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионПрифатни центри за мигранти во Албанија ја мобилизираше македонската заедница во Пустец

Прифатни центри за мигранти во Албанија ја мобилизираше македонската заедница во Пустец

- Advertisement -spot_img

Најавата за изградба на прифатни центри за мигранти од Африка и Азија во соседна Албанија го вклучи алармот кај македонската заедница кај нашиот западен сосед. Од Македонската алијанса за европска интеграција за Телевизија 24 потврдија дека одлуката на албанската Влада веќе ја оспориле пред Уставниот суд во Тирана.

Претседателот на партијата, Васил Стеријовски, истакнува дека ваквиот потег на албанските власти е спорен по повеќе основи, но како клучен аргумент го наведува фактот дека општина Пустец, каде што е предвидена изградба на три прифатни центри, е населена претежно со етничко македонско население.

Стеријовски предупредува дека  прифатните центри во средини со доминантно македонско население може сериозно да ја наруши безбедноста кај локалните жители. Според него, реакцијата на партијата е целосно оправдана и има за цел заштита на интересите и правата на македонската заедница во Албанија. 

Инаку, албанската Влада во декември минатата година официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026–2028 година. Од Владата во Тирана документот го оценија како стратешки, со цел навремена подготовка на институциите за справување со можен пораст на миграциските текови на територијата на државата.

Темата за можна миграција беше отворена и на македонскиот политички дискурс и предизвика лавина на реакции помеѓу власта и опозицијата откако  беше актуелизирана во Британските медиуми, но периодов можната миграција во земјава стивнува во јавноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img