домаМакедонијаПревозниците во комуникација со Владата – ќе има ли блокада на границите?

Превозниците во комуникација со Владата – ќе има ли блокада на границите?

- Advertisement -spot_img

Превозниците се во постојаната комуникација со Владата за да прецизираат што може да очекуваат од Брисел околу евентуалните олеснувања на правилото 90/180 и потоа да изградат став дали ќе има блокади на граничните премини како што беше најавено. Според информациите на Телма, неделава се очекува и средба на превозниците со вицепремиерот Александар Николовски.

Откако Брисел испрати јасно „не“ за измени на правилото 90/180, превозниците од регионот се во интензивни меѓусебни средби и разговори за да ги прецизираат следните чекори. Тие најавија дека ќе испратат писмо до Европската комисија (ЕК) во кое ќе бараат појаснување на информациите од образложението на одлуката во делот на билатералните преговори и договори и дали доколку превозникот има долгорочна виза од една држава од Шенген зоната ќе важи за сите останати држави од зоната. А доколку одговорот е негативен, големи се шансите да се остварат најавите и ќе се блокираат граничните премини.

По носењето на одлуката од Брисел соопштија дека се свесни оти превозниците поради природата на работата мора да престојуваат во Шенген и подолго од 90 дена, но решението засега го гледаат во постојните правила и во билатерални договори со земјите членки. Потврдија уште еднаш дека превозниците се професионалци кои имаат потреба од висока мобилност, а како решение ги посочија долгорочните визи. Од Комисијата појаснија и дека новиот систем ЕЕС не го вовел ограничувањето, туку овозможува негово попрецизно спроведување.

Ставот на Владата е дека решавањето на проблемот оди во позитивна насока, а доказ за тоа е дека ЕУ во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци. Оптимално решение на проблемот со кој се соочуваат превозниците засега се билатералните договори за долгорочни работни визи кои Македонија ги има склучено со неколку држави од Шенген и се преговара за дополнителни.

Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина најавија блокади на границите од 14 септември доколку дотогаш не се изнајде решение.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img