Екипите на Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци, во координација со проектот „Мој општинар“ и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци, спроведуваат редовни активности за санација и прочистување на полските патишта на територијата на општината.
Главната цел на овие теренски активности е превенција од несакани последици во пресрет на топлиот бран. Расчистените патишта имаат функција на т.н. противпожарни пресеки, кои во случај на појава на шумски пожари ќе го оневозможат нивното брзо проширување и ќе овозможат полесен пристап за противпожарните возила.
Во рамките на денешната акција, механизацијата и екипите работат на целосна санација на полскиот пат во местото викано Шамаци.
Надлежните служби продолжуваат со редовниот мониторинг и уредување на критичните точки, со цел да се подигне нивото на безбедност и заштита на животната средина и имотот на граѓаните.








