домаМакедонијаПредлогот за министер без ресор денеска на пленарка

Предлогот за министер без ресор денеска на пленарка

- Advertisement -spot_img

Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер без ресор. Пратениците на денешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор.

Предлогот доаѓа по потпишувањето на коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, со што за уште еден пратеник се зголеми парламентарното мнозинство на 59 пратеници, предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Демократската партија на Турците потврдија дека од коалицијата „Европски фронт“ излегле уште пред една година, пред локалните избори, и дека оттогаш делувале како независна партија во Собранието и на политичката сцена.

Пред 10 дена, во законодавниот дом беа избрани новите 8 министри во владата на Мицкоски, предложени со реконструкцијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img