HomeМакедонијаПред стартот на пролетната сеидба на ориз, производителите со стари проблеми

Пред стартот на пролетната сеидба на ориз, производителите со стари проблеми

- Advertisement -spot_img

Катастрофална откупна цена, зголемени трошоци и нова сеидба на праг. Ако минатата година беше тешка, оваа ќе биде уште потешка – констатираат производителите на “белото злато” од кочанскиот регион.

За десеттина дена оризопроизводителите влегуваат во полето за обработка на површините, но во исто време влегуваат и во фаза на драстично зголемени цени на репроматеријалите во споредба со минатата година. Големите загуби за жал не можат да се избегнат, тврди производителот, Тони Максимов.

Оризопроизводителите велат дека не можат да се подготват за новата реколта бидејќи препаратите за производство се поскапени и тоа им е дополнителен трошок, бараат помош од државата за непродадениот ориз, ниската откупна цена, скапата нафта и неизвесната нова сеидба.

На овој начин само откупувачите и трговците се збогатуваат, додека земјоделците и граѓаните како купувачи се оштетени – додава Максимов.

Затоа, оризопроизводителите од кочанско го повикуваат и Министерството за економија, да излезе на терен и да направи контрола за големата разлика помеѓу откупната и малопродажната цена на оризот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img