HomeМакедонијаПратениците ги усвоија измените на Законот за градење и Законот за градежно...

Пратениците ги усвоија измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, предложени од Министерството за транспорт, со цел поттикнување на економскиот развој и подобрување на услугите за граѓаните. Со измените на Законот за градежно земјиште, за првпат се овозможува јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата, како што се оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациони системи, гасоводни и нафтоводни мрежи. Предвидено е оваа инфраструктура да се евидентира во Катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата за катастар на недвижности, со што треба да се воспостави поголем ред во подземната инфраструктура. Со законските измени, општините ќе можат да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за технолошко-индустриски зони, што треба да придонесе за локален економски развој и полесна реализација на инвестициските планови на домашните компании. Дополнително, направено е и усогласување на Законот за градежно земјиште со Законот за урбанистичко планирање. Во однос на измените на Законот за градење, се подобруваат условите за регулирање на имотно-правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, со цел обезбедување поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните. Со измените се предвидува и унапредување на процесот на технички преглед на градбите од прва категорија, преку воспоставување попрофесионален пристап и повисоки стандарди за квалитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img