домаМакедонијаПратеничката Петровска бара надзорна расправа во Собранието за дата центрите

Пратеничката Петровска бара надзорна расправа во Собранието за дата центрите

- Advertisement -spot_img

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска бара Собранието да одржи надзорна расправа за дата центрите, за кои премиерот Христијан Мицкоски најави дека има преговори со потенцијални инвеститори.

“Дата-центрите не се проблем. Проблем се тајните договори и матните одговори што ги добиваме од Владата.Дата-центрите се дел од дигиталната иднина и сајбер-безбедноста. Тие можат да донесат инвестиции, технолошки развој и нови можности за нашите инженери. Македонија не треба да бега од иднината.Но не смее ниту да ја прифаќа со затворени очи,пишува Петровскс на фејсбук.

Таа порачува дека

станува збор за големи проекти што можат да значат огромна потрошувачка на електрична енергија и вода, користење државно земјиште, даночни поволности, изградба на инфраструктура и долгорочни обврски за државата.

“А каде што има големи пари, вредни ресурси и договори зад затворени врати, секогаш постои сериозен ризик од корупција.Затоа предлагам во Собранието да се одржи надзорна расправа за најавените дата-центри, бара Петровска.

Таа со поракаа до Владата какви одговори очекуваат граѓаните.

“Кои се потенцијалните инвеститори и според кои критериуми се избрани? Колку земјиште, електрична енергија и вода ќе користат?

По која цена ќе ги добиваат овие ресурси и кој ќе ја плати потребната инфраструктура?

Какви даночни и други поволности им се нудат?

Колку трајни и добро платени работни места реално ќе бидат создадени?

Кој ќе гарантира дека трошокот нема да падне врз граѓаните, додека профитот останува само кај приватните инвеститори?, пишува пратеничката.

Петровска порачува дека на надзорната расправа треба да се чујат и ркспертите и екологистите.

“Никој разумен не треба однапред да биде против дата-центрите. Но секој разумен граѓанин треба да биде против тајни преговори чија сметка на крајот може да ја плати токму тој”, стои во ставот на Петровска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img