Град Скопје најави дека годинава празничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“.
Со богата програма, украсен амбиент и изненадувања за сите генерации, главниот град ќе го одбележи почетокот на новогодишните и божиќните прослави.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани да бидат дел од заедничкото палење на празничните светилки, закажано за 15 декември во 18:00 часот.
Тој најави дека веќе од 16 декември ќе следуваат секојдневни настани и активности, кои ќе траат до самата Нова година.
Според градоначалникот, новогодишната ноќ ќе донесе спектакуларен дочек кој Скопје долго ќе го памети.







