Шумскиот пожар меѓу Морани, Вртекица и Габер во Општина Студеничани останува под надзор, откако пожарникарските екипи ја поминаа ноќта на терен следејќи го неговото движење. Поради непристапниот предел, во текот на ноќта немало услови за директна интервенција од земја.
На терен биле распоредени две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, кои ја следеле состојбата и ја координирале натамошната акција.
Од Центарот за управување со кризи најавија дека во раните утрински часови, доколку дозволат временските услови, во гаснењето треба да се вклучат и противпожарни авиони.
Екипите остануваат на терен, а ЦУК соопшти дека состојбата континуирано се следи, со приоритет на безбедноста на населението и на пожарникарите ангажирани во интервенцијата.






