Утрово избувна пожар во бараките на поранешната фабрика „Макотекс“ во скопската населба Карпош 4, во близина на старата телевизија.
Пожарот се гаси со повеќе возила и екипи на скопската Пожарна под водство на командантот Звонко Томовски. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот се става под контрола и дека засега нема информации за повредени или настрадани лица.
Според првичните информации, огнот избувнал во опожарените бараки познати како „лепенки“, а екипите продолжуваат со интервенција за целосно гаснење.









