домаРегионПожар во хотел во Валона: 5 лица на лекување во Тирана, еден...

Пожар во хотел во Валона: 5 лица на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба

- Advertisement -spot_img

Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба.

Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, објавија медиумите.

Двајца пациенти се на лекување во Универзитетската болница за трауматологија.

-Медицинскиот персонал ќе продолжи внимателно да ја следи здравствената состојба на повредените, обезбедувајќи им ја потребната медицинска помош, наведуваат од здравствените установи.

Петмина од повредените се туристи од Косово еден е албански државјанин. Засега нема официјална потврда за причината за пожарот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img