Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот.
„Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот“, соопштија од МВР.
Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот. Надлежните служби се на терен и работат на негово локализирање.








