HomeТехнологијаПостерот за WWDC 26 го најавува новиот дизајн на Siri што пристигнува...

Постерот за WWDC 26 го најавува новиот дизајн на Siri што пристигнува со iOS 27

- Advertisement -spot_img
Apple веќе ни овозможи прв поглед на новиот дизајн на Siri како дел од iOS 27 преку креативите за WWDC 26, пишува Марк Гурман од Bloomberg. Гласовниот асистент на Apple конечно ќе добие редизајн каков што заслужува во iOS 27, со низа нови функционалности и освежен изглед.

Марк Гурман во својот неделен билтен Power On наведува дека новиот дизајн на Siri вклучува визуелни елементи што потсетуваат на ефектот на светкање (glow) што може да се види на постерот за WWDC 26. Според извештаите, ефектот е највпечатлив кога iPhone се користи во dark mode, што е и причината зошто визуелите за WWDC користат црна позадина.

Иако дизајнот може да се промени до јуни, ова изгледа како насоката што ја следи Apple. Гурман наведува дека новата Siri ќе се појавува од Dynamic Island на екранот на iPhone кога ќе се активира.

Проширената „пилула“ ќе свети на начин што наликува на креативите за WWDC. Полето за текстуално пребарување во новата самостојна апликација за Siri, исто така, наводно ќе го добие истиот визуелен третман.

Еве како Гурман го опишува тоа:

Новиот изглед на Siri е она што Apple го истакнува во своите најави. Дизајнот што моментално се тестира во компанијата вклучува интерфејс на Siri сместен во Dynamic Island — елементот во форма на пилула близу горниот дел од екранот. Кога Siri се активира, Island се проширува со порака „Search or Ask“, проследена со светлечки курсор. Изгледа слично на начинот на кој бројот „26“ е истакнат во логото на конференцијата.

Покрај статичните визуели, ефектите на светкање беа прикажани и во видеото објавено од потпретседателот на Apple, Грег Џозвијак, кога беше најавен датумот за овогодинешниот WWDC.

Ова ќе биде вторпат Apple да ја редизајнира Siri во ерата на LLM, при што првата верзија на Apple Intelligence беше фокусирана на виножито-ефект на осветлување околу рабовите на екранот. Овој дизајн за првпат беше воведен со iOS 18. Сепак, бидејќи планираните функции за таа верзија на Siri не беа испорачани навреме, Apple очигледно се вратил „на почеток“ со нов пристап.

Новата Siri во iOS 27 ќе го направи искуството повеќе усогласено со модерните AI чат-ботови. Корисниците ќе можат да водат континуиран дијалог, да поставуваат повеќе барања во една реченица, како и да добијат конечно интеграција на личен контекст и разбирање на содржината на екранот — функции кои претходно беа најавени. „Мозокот“ на Siri ќе се базира на нови foundation модели кои користат технологија од Google Gemini.

Ќе постои и посебна апликација за Siri каде корисниците ќе можат да ги пронајдат своите претходни разговори. Исто така, се очекува да се обединат одвоените интерфејси за пребарување меѓу Siri и Spotlight.

Новата Siri се очекува да биде главната новина на iOS 27, која Apple ќе ја претстави на својата годишна конференција WWDC во јуни. Главната презентација за овогодишниот настан ќе се одржи на 8 јуни.

Konekt.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img