домаМакедонијаПоставени нови камери на Пелистер - ќе детектираат диви животни и други...

Поставени нови камери на Пелистер – ќе детектираат диви животни и други случувања на планината

- Advertisement -spot_img

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира.

-Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, да им се подобрат нивните услови за живеење и опстанок во природата. Во овој регион се надеваме дека ќе затекнеме движење на дива коза, но и други диви животни. Системот за мониторинг ќе ни помогне за нивна заштита, ќе ја утврдиме бројноста, здравствената состојба и нивниот потенцијал во националниот парк Пелистер, истакна Петар Моштановски, вработен во таа установа.

Според директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, дел од камерите освен за мониторинг на животните се користат и за превенција од несакани случувања на Пелистер.

-Со активен мониоринг се намали нехигиената, се помалку смет се остава од страна на посетители на планината и во таа смисла посебно се заблагодарувам на медиумите кои ги објавуваа сите наши апели кон јавноста да се зголеми културата на однесување во планина и да сме свесни дека за зачувување на националното богатство сите треба да придонесуваат, нагласи Тошевски.

ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола наскоро ќе промовира други еко проекти за заштита на националниот парк Пелистер.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img