-1.2 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветПоследни поготовки во пресрет на средбата Трамп - Путин

Последни поготовки во пресрет на средбата Трамп – Путин

- Advertisement -spot_img

Траен мир, безбедносни гаранции и огромни финансиски репарации се меѓу главните барања што Украина ги изнесе во пресрет на утрешниот мировен самит во Алјаска, каде што ќе се сретнат американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Средбата Трмп – Путин ќе се одржи во воената база „Елмендорф-Ричардсон“ во градот Енкориџ на Алјаска утре во 11:30 часот по локално време, односно во 21:30 часот по средноевропско време. Рускиот претседател изјави дека американската администрација прави „искрени напори“ за решавање на конфликтот во Украина и посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје. Зборувајќи на состанок во Кремљ со највисоките руски воени и цивилни претставници, Путин рече дека ги информира за состојбата на преговорите со САД за Украина, како и за билатералните разговори со Киев.

Владимир Путин – претседател на Русија

„Би сакал да ви кажам на која фаза сме со актуелната американска администрација, која, како што е познато, според мое мислење прави прилично енергични и искрени напори да се запре борбата, да се стави крај на кризата и да се постигнат договори што се од интерес за сите страни, вклучени во овој конфликт“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на претстојниот самит во Алјаска би можело да ги загрози преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Утрешниот самит доаѓа во еден од најтешките моменти за Украина во војната, најголемата во Европа од Втората светска војна, која од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година убила десетици илјади и раселила милиони. Во Киев, како и во Европската Унија, се загрижени дека американскиот претседател Трамп ќе го искористи претстојниот самит за да се претстави како кандидат за Нобелова награда за мир, токму преку наметнување договор, па побрзаа да исцртаат црвени линии со помош на кои се надеваат дека ќе издејствуваат поповолен исход. Украина главно посакува договор со значајни безбедносни гаранции, а жестоко се противи и на реинтеграцијата на Русија во глобалните економски текови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img