HomeМакедонијаПоскапа велигденска трпеза, цените растат, традицијата не отстапува

Поскапа велигденска трпеза, цените растат, традицијата не отстапува

- Advertisement -spot_img

Има денови кога се заборава на се што ни се случува. Велигден е еден од деновите кој ги спојува духот на традицијата, вербата во богаи обичаите но и се споделува љубов во семејството.

Велигден е еден од најголемите христијански празници. Дали се зголемени цените на храната, дали инфлацијата се намалила или зголемила и не е толку битно велат граѓаните – битно е да се сподели тоа што секој може да си го приушти. Не е важно дали трпезата е богата и раскошна – важно е велат да се сподели мир, среќа и благосотојба во семејството.

По пазарите и месарниците раздвижено – се бара јагнешко месо и останати намирници кои треба да се најдат на велигденската трпеза. Граѓаните со кои поразговаравме велат имало немало пари за овој празник мора да се најде.

А јагнешкото месо најскапо и најбарано, килограм се движи од 650 денари па нагоре. Од месарниците велат дека има зголемена потрошувачка.

За да се спречи голем скок на цените, пазарните инспектори во 30 тимови тргнаа во вонредни контроли. Дали и што поскапело, ќе се знае во вторник.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img