5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПораки за гордост и обединување: Ѓорѓиевски: Да ја чуваме земјата и да...

Пораки за гордост и обединување: Ѓорѓиевски: Да ја чуваме земјата и да градиме иднина

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, по повод Денот на независноста на Македонија, упати порака до граѓаните за значењето на овој празник.

Ова е ден на кој се потсетуваме кои сме, од каде доаѓаме и кон што чекориме. Да ја чуваме Македонија, затоа што таа е љубов, татковина и иднината на нашите деца“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, и покрај предизвиците и тешкотиите на патот, одговорноста за зачувување на државата останува света обврска за секој Македонец. „Со достоинство и силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, треба да бидеме посилни, посплотени и поуспешни. Да изградиме иднина во која гордо ќе го носиме името Македонци, како што тоа го правеле нашите предци“, нагласи Ѓорѓиевски.

Во својата порака, градоначалникот истакна дека секој Македонец има обврска да го чува наследството за кое нашите предци се избориле со крв, труд и пркос.

„За многу години!“ – заврши Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img