По завршувањето на ТОП 6 сегментот од „МТЕЛ“ Супер лигата, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, го утврди распоредот на натпреварите во третиот дел од натпреварувањето, доигрувањето за шампионската титула.
Пласман во полуфиналето на плеј-офот, обезбедија првопласираните четири екипи:
ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Маџари.
Согласно со системот за натпреварување, полуфиналето на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар од три натпревари“ (1-1-1), со предност на домашен терен на подобро рангираните екипи во регуларниот дел од сезоната.
Согласно со пласманот, одредени се и полуфиналните двојки се:
ТФТ – МАЏАРИ
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР
Со оглед на понатамошните обврски на екипата на ТФТ во баражот за пополнување на место во АБА 1 лигата во наредниот период, модифициран е календарот за одигрување на двете полуфинални серии од плеј-офот.
Првиот меч од третиот дел од „МТЕЛ“ Суперлигата е закажан за 4. мај (понеделник), кога ќе играат екипите на ТФТ и Маџари, а наредниот, втор во серијата, на која во улога на домаќин ќе биде екипата на Маџари, ќе се игра на 12.мај (вторник). Евентуалниот трет натпревар е предвиден за 16.мај (на теренот на подоброрангираната екипа – ТФТ).
Втората серија од полуфиналето, во која ќе играат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе стартува на 6. мај (среда), наредната следниот викенд, односно на 9 или 10.мај, во Битола.
Во случај ако биде потребно да се игра и трет натпревар во серијата, терминот е 13. мај (среда), со домаќинство за екипата на МЗТ Скопје Аеродром која има подобар ранкинг во однос на Пелистер.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ
(1) ТФТ – (4) МАЏАРИ (20 часот)
ПРВ НАТПРЕВАР
4.МАЈ: ТФТ – Маџари
(2) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – (3) ПЕЛИСТЕР
ПРВ НАТПРЕВАР
6.МАЈ: МЗТ СКОПЈЕ Аеродром – Пелистер (19 часот)
Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите учесници одредени се и термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата,
Финалната серија на плеј-офот ќе се игра според принципот „подобар од пет натпревари“ (2-2-1), со предност на домашен терен за екипата која има подобар ранкинг (место на табелата) во регуларниот дел од сезоната.








