Од март до август 2001 година бил преговаран, договаран, парафиран, страна по страна, ред по ред Охридскиот рамковен договор, од четирите, во тоа време, главни политички партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од македонскиот и ПДП и ДПА од албанскиот политички блок, за конечно да биде потпишан на 13 август со што се стави крај на воениот конфликт во Македонија.
Главниот преговарач од Социјалдемократскиот сојуз во преговорите, универзитетскиот професор Никола Поповски, 25 години по потпишувањето вели дека Охридскиот договор ја постигнал целта и ѝ донел мир на Македонија.






