домаМакедонијаПолициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката,...

Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката,  девет полициски службеници завршија на токсикологија

- Advertisement -spot_img

Од МВР известуваат дека денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар. 

Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.

Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба, соопштија од МВР

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img