домаМакедонијаПолицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи - уапсени 21...

Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив

- Advertisement -spot_img

Во текот на изминатиов викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Од МВР информираат дека лишено од слобода за безобѕирно управување на возило било 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се седум возила.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за неправилно паркирање, како и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 15 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и девет пешаци. Исто така санкционирани се 75 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 11 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, посочија од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img