домаХроникаПоднесена кривична пријава против скопјанец за сторено кривично дело „измама“

Поднесена кривична пријава против скопјанец за сторено кривично дело „измама“

- Advertisement -spot_img

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот А.З., во периодот од 15.07.2025 до 20.08.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти довел и одржувал во заблуда лице од Скопје дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати 1.500.000 денари.  

Имено, пријавениот А.З., познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, преставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.

Оштетеното лице во четири наврати на различни локации во Скопје, на А.З. му ги дал побараните парични средства.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img