-2.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПочна учебната година: Цело е кога учениците имаат сè!

Почна учебната година: Цело е кога учениците имаат сè!

- Advertisement -spot_img

Учебната 2025/2026 година денеска (1.09) почна за 245 илјади ученици, од кои 177.800 во основните и 67.200 во средните училишта. Клучната образовна алка што недостигаше за учениците во изминатите години – учебниците, веќе втора година не е тема: министерката за образование и наука, Весна Јаневска означи крај на тој проблем. 

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, рече Јаневска пред стартот на новата учебна година.

Повеќе нема користење на учебници без склучени договори и без регулирани авторски права, ниту доцнење на испораката со месеци. Околу 90% од учебниците се доставени, а останатите ќе стигнат во текот на оваа седмица. За разлика од претходните години, кога цената за печатење била 3,9 денари по страница, годинава била постигната цена од 2,9 денари. Ако се има предвид бројката од околу 600 илјади парчиња учебници во просек од по 100 страници, заштедата е голема.

Прашањето за едносменска настава, што честопати го наметнуваа родителите, според МОН, интензивно се решава. Во моментов 245 основни училишта во Македонија работат во две смени, а најголемиот број средни училишта во една. Според министерката, процесот за овозможување едносменска настава бара најмалку две до три години за да се адаптираат или да се изградат капацитети. При анализа на 106 училишта во кои би требало да има доградби (до 6 училници), било оценето дека во 59 од нив ќе може да се направат интервенции, во 31 доградби, во 35 адаптации, како и изградба на три нови училишта. Целиот пакет за тие 59 училишта би чинел околу 2 милијарди денари.

Но има општини каде училишните згради останаа празни. Затворени или „во мирување“ годинава се 5 подрачни училишта – две во Општина Маврово и Ростуше и по едно во Пехчево, Валандово и Ресен.//DW.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img