Кире Ѓорѓиевски, затвореникот кој почина, а беше осуден во предметот за „27 април“, починал во болница, потврдија од Управата за извршување санкции за ,,Фокус”.
Како што појаснуваат од Управата, Ѓорѓиевски боледувал од неколку болести и бил во тешка состојба, приклучен на апарати.
Тој беше осуден на 13 години затвор. Тажната вест ја објавија пријатели и познаници на Ѓорѓиевски.
-Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата!
Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов на фејсбук.









