Македонија остана без еден од своите највпечатливи актери. По долг период исполнет со здравствени предизвцици, на 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски, актер чии луоги оставија длабок белег во македонскиот театар, телевизија и филм.
На 75-годишна возраст вчера почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, по долга борба со бројни здравствени проблеми.
Веста за смртта на актерот ја објави неговата ќерка, Сашенка.
Тој во својата кариера одигра улоги во бројни серии, драми и емисии, но и во театарот, на телевизија и во радио-емисии.
Сепак, најзапамтен ќе остане по улогите во „Македонски народни приказни“ и како Цанде во „Солунски патрдии“.
Неодамна на Фејсбук страницата посветена на Ѓорѓи Колозов и „Македонски народни приказни“ беше објавено дека Тодоровски е во болница и во лоша здравствена состојба.Тој зад себе ги остави сопругата Тања, синот Гоце и ќерката Сашенка.






