Aктерот и долгогодишен театарски работник Лазе Манасков почина денес во Скопје. Веста за неговата смрт ја погоди уметничката заедница, колегите и публиката што со години го следеше неговото дело.
Лазе Манасков остави значаен печат на македонската сцена преку бројни улоги, посветена работа и исклучителна љубов кон театарот. Колегите го паметат како професионалец, искрен пријател и уметник кој секогаш настапуваше со срце и одговорност кон сцената.
Во знак на почит кон неговиот живот и уметнички придонес, вечерешната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест. Претставата ќе биде посветена на неговата светла меморија, како симболично збогување од човекот кој живееше за театарот.
Заминувањето на Лазе Манасков претставува голема загуба за македонската култура и уметност, но неговото дело и дух ќе продолжат да живеат преку улогите и спомените што ги остави зад себе.







