Загина 30-годишникот С.С. откако денеска, околу 13:25 часот, на улица во Белград падна од петтиот кат на зграда во изградба.
Според првичните информации, во моментот на несреќата тој поставувал осветлување на зградата.
Според сведоците, возилото со ретровизорот го зафатило јажето со кое младиот човек бил осигуран, при што С.С. ја изгубил рамнотежата и паднал од голема височина врз покривот на тролејбусот, кој застанал на оддалеченост од неколку метри.
По пристигнувањето на местото на несреќата, лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
За случајот било известено и надлежното обвинителство.






