Благодарение на оваа победа, Македонија ја престигна Црна Гора на листата на УЕФА за национални коефициенти и се проби меѓу првите 50 фудбалски земји во Европа според тој параметар.
Ова значи дека од сезоната 2027/2028 Македонија ќе има 4 претставници во европските натпреварувања, додека Црна Гора ќе падне на 3. Тоа е всушснотс враќање на изгубеното место за наредната европска сезона 2026/2027 кога Македонија ќе има само 3 преставници, а поради лошите резултати изминативе неколку сезони на нашите претставници во Европа.
Зад Црна Гора, која е на 51. место, останаа само четири земји: Гибралтар, Грузија, Велс и Сан Марино.
Скокот на Македонија, од друга страна, потврдува дека континуитетот и инвестирањето може да донесе резултати.






