домаХроникаПо пријава за исчезнување, пронајдено тело во фаза на распаѓање

По пријава за исчезнување, пронајдено тело во фаза на распаѓање

- Advertisement -spot_img

Полицијата уапси четири лица во рамки на истрагата за смртта на 48-годишна жена, чие тело било пронајдено во близина на селото Летевци, скопско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 51-годишниот С.Г. најпрво на 26 јуни пријавил дека жената, со која живеел во иста куќа, се оддалечила од домот. Само еден ден подоцна повторно се обратил во полиција, тврдејќи дека ја пронашол почината во близина на селото.

На местото веднаш излегле полициски екипи и јавен обвинител. Телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на обвинителството е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта.

По извршениот разговор со С.Г., полицијата го лишила од слобода поради сомнение дека ја убил жената. Во врска со случајот приведени се уште три лица – З.М. (62), Г.Б. (64) и М.Д. (69), чија можна поврзаност со настанот дополнително се испитува.

Од Обвинителството и МВР информираат дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на инволвираните лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img