10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПо пожарот во Трубарево — Меџити најавува итна акција за безбедноста на...

По пожарот во Трубарево — Меџити најавува итна акција за безбедноста на граѓаните

- Advertisement -spot_img

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во магацинот за електронски отпад на „Ф-групација“ во Трубарево.

Во координација со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, донесени се следниве активности:
• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во близина на опожарениот магацин;
• Министерството издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;
• Во наредните седум дена акредитирана лабораторија ќе врши 24-часовен мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;
• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворено сè до стабилизирање на состојбата.

„Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски,“ порача Меџити.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img