Тешка трагедија се случи по пожарот кој синоќа избувна во кругот на фабрика во Гази Баба, Скопје, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Според добиената информација, на 13 декември 2025 година, во 21:29 часот, во СВР Скопје беше пријавено дека избувнал пожар во два магацини, сопственост на М.Р. (46), кои биле изнајмени на други лица.
На местото на настанот интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеа да го изгасне пожарот. Денес, на 14 декември 2025 година, за време на увидот во еден од опожарените објекти, кој го користел М.А. од Скопје, беше пронајдено опожарено тело на машко лице.
Засега не е соопштен идентитетот на починатиот. Од МВР известуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот и смртта.







