домаСпортПМФЛ: Скопска пресметка на Чаир – хитот на првенството оди по нова...

ПМФЛ: Скопска пресметка на Чаир – хитот на првенството оди по нова победа

- Advertisement -spot_img

Денеска од 16 часот на стадионот на Чаир, во последниот меч од 7.коло во ПМФЛ, ќе проследиме скопска пресметка, Шкендија Арачиново против Скопје. Дебитантот и хитот во досегашниот дел од првенството против единствениот тим кој досега нема победа и кој е последен на табелата.

Од таборот на Шкендија Арачиново не кријат дека амбициите им се високи, се споменува и Европа. А зошто да не? Посебно ако овој тим денеска победи и со 13 бода ќе се најде на третата позиција на табелата. Тимот на Берат Имери посакува и трета победа во серија, вкупно четврта, но и прва како домаќин. Интересно, досега сите три победи се на гости, со Тиквеш, Башкими и Брегалница.

Редно е да се победи денеска и пред своите фанови на стадионот на Чаир.

Скопје од друга страна лошо ја почна сезонава. Повратникот во елитата никако да забележи победа. Само три ремија и три порази. Во меѓувреме тимот на Муарем Муарем се засили со неколку искусни играчи па се очекува „Пиратите“ да почнат да играат далеку подобро.

Интересно кога сме кај овој меч. Имено досега во ова коло сите натпревари завршија без победник, сите четири завршија нерешено.

И тоа Тиквеш – Струга ТЛ 2:2, Арсими – Шкендија 2:2, Башкими – Вардар 3:3, Силекс – Брегалница 2:2. Ако и денеска на Чаир биде нерешено тоа ќе биде раритет, цело коло само ремија.

Главен судија на денешниот меч на Чаир кој е закажан за 16 часот ќе биде Доне Ристовски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img