Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес, по повод Денот на Европа, изјави дека Украина не смее да се заборави, која „повеќе од четири години се брани од руската агресија и ја штити слободата и основните европски вредности“.
Пленковиќ на социјалната мрежа X сподели дека Денот на Европа се слави во духот на визијата на еден од основачите на модерната Европска Унија, Роберт Шуман, за континент кој, по „воените пустошења и поделбите, избира мир, соработка и заедничка иднина“, објави Хина.
„Европа не е само просторот во кој живееме, туку избор на слобода пред страв, права пред сила и солидарност пред поделби“, напиша Пленковиќ.








