Како непишано правило, за Нова година се користат пиротехнички средства, кои пак се скратен пат до Клиниката за пластична хирургија. Неретко се случува празничната еуфорија, надополнета со петарди да доведе и до траен инвалидитет. Лани три деца на возраст од 12 и 13 години со повреди завршиле на болничко лекување…
Накитената елка како да не е доволен симбол за Нова година, па магијата се надополнува со пиротехнички средства, кои се скратен пат до хируршките сали на Клиниката за пластична хирургија.
Еден од пациентите на докторката Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, на којшто празничната еуфорија надополнета со петарди му донела траен инвалидитет. Минатата година три деца на 12-13 години со повреди завршиле на болничко лекување.
Пациентите им раскажуваат на лекарите како за поголема експлозија петардите ги врзуваат заедно, ги надополнуваат, затоа на некои повредите им се како да им пукнала бомба во рака, објаснува докторката Ѓоргиевска-Павловска. Загрижена е што паѓа старосната граница на пациентите. Пластична хирургија ја продолжува кампањата за опасноста од употреба на пиротехниката.
Таа вели на некои им се слошува од фотографиите во презентацијата, но тие се реални.
Да кажеме не на петардите и да ги прославиме празниците со музика, радост.







